На интернет се појави вознемирувачка снимка која покажува како британски тинејџери малтретираат сириско дете, со кое инаку, одат заедно на училиште.
Тие му истурале вода во уста, толку што почнал да се дави.
Младиот Сириец некое време е на мета на своите школски другари кои веќе му ја скршија раката. Се се случи во средното училиште во Хадерсфилд. Работата да биде полоша, истиот ден некој ја нападнал неговата сестра и и ја извадил марамата од глава.
Целиот случај на врсничко насилство ја вознемири британската јавност па е покрената и кампања за помош на семејството кое побегнало од Хомес. Засега се собрани 53.000 фунти, а парите уште пристигнуваат.
Семејниот адвокат рече дека братот и сестрата преживуваат тешко злоставување во училиште и дека се пријавиле во полиција.
Девојчето инаку, веќе еднаш се обидело да се самоубие поради малтретирањето на училиште.
Видеото, поради вознемирувачката содржина, беше отстрането.