Европската Комисија соопшти денеска дека нема причина воопшто да не се користи вакцината на Астра Зенека по мислењето на Европската агенција за лекови, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Европската агенција за лекови штотуку даде позитивно мислење за Астра Зенека бидејќи бенефитите и натаму се поголеми од ризиците, таа не побара да се престане со Астра Зенека, некои земји членки одлучија да заземат построг пристап, нема причина воопшто да не се користи, изјави портпаролот за здравство на Европската Комисија, Стефан Де Керсмакер.