понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган и Столтенберг еден час зад затворени врати

Ердоган и Столтенберг еден час зад затворени врати

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг разговараа во Анкара, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Како што се наведува во соопштението, состанокот се одржал зад затворени врати и траел околу еден час. Засега ниту една страна не прави официјално соопштение.

Претходно во текот на денот Столтенберг одржа состанок со турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу и министерот за национална безбедност Нуретин Чаниклиј, а меѓу главните теми на тие разговори била подготвоката на претстојниот самит на НАТО во Брисел кој треба да се одржи на 11 и 12 јуни.

Столтенберг даде и интервју за турските медиуми во кое ја истакна важноста на Турција во алијанста, но и нагласи дека одлуката да набави руски одбранбен систем, С-400 била самостојна одлука на Анкара.