Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара од рускиот колега Владимир Путин да прогласи „едностран“ прекин на огнот во Украина.
Ердоган разговараше со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговите нови обиди да посредува за ставање крај на 10-месечната војна.
Тој му рекол на Путин дека „повиците за мир и преговори треба да бидат поддржани со едностран прекин на огнот и визија за правично решение“, соопшти кабинетот на Ердоган.
Но, тој не спомнал за „едностран“ прекин на огнот во неговите последователни разговори со украинскиот лидер, јави Франс 24.
„Ердоган изјави дека Турција е подготвена да го олесни и да посредува за воспоставувањето траен мир меѓу Русија и Украина“, соопшти турското претседателство по телефонските разговори.