Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган истакна дека би можел да се кандидира за претседател во 2023 година, а тоа ќе биде неговиот последен мандат.
Ердоган денеска рече дека по тој мандат, доколку победи на изборите, ќе ја „префрли палката на младите“.
Турскиот претседател треба да се соочи со многу предизвици, вклучувајќи ја и инфлацијата која достигна 84,4 проценти. Некои набљудувачи тоа го гледаат како желба за промена на границата од најмногу два претседателски мандати, како што е предвидено со тамошниот Устав.
Како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за јуни 2023 година, Ердоган, кој е на власт од 2003 година, и неговата исламско-конзервативна партија, Партијата на правдата и развојот (АКП), се надеваат дека ќе ја задржат власта.