Естонија планира да и испорача на Украина дополнително оружје, како противтенковско оружје и минофрлачи, јави ДПА.
Балтичката земја, исто така, планира да ја поддржи британската иницијатива за проширување на обуката на украинските вооружени сили и донирање втора теренска болница на Украина во соработка со Германија, соопшти естонското Министерство за одбрана.
Талин веќе му обезбеди воена помош на Киев во износ од 250 милиони евра. Меѓу доставените оружја имало противтенковски мини и противтенковски ракети Џавелин, како и неколку хаубици од старите источногермански залихи во државата