сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Естонија побара од НАТО да го истражи случајното лансирање на ракета

Естонија побара од НАТО да го истражи случајното лансирање на ракета

Естонија денеска го повика генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг да го истражи вчерашното случајното лансирање на ракета воздух-воздух.

Естонската Влада соопшти дека премиерот Јири Ратас телефонски разговарал со Столтенберг за инцидентот.

– Му кажав на генералниот секретар на НАТО дека тоа е сериозен инцидент и разбирливо е што сме загрижени поради тоа што се случи во Естонија. Колку што знам, никој не е повреден во инцидентот, посочи Ратас.

Тој додаде дека од Столтенберг побарал вчерашниот инцидент многу сериозно да се сфати и брзо да се утврдат околностите.

Шпански воен авион, стациониран во Литванија, по грешка, за време на обука, истрелал ракета над југозападна Естонија. Притоа не предизвикана никаква штета.

МИА