четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ добива 200 милиони вакцини од „Џонсон и Џонсон“, за оваа вакцина потребна е само една доза

ЕУ добива 200 милиони вакцини од „Џонсон и Џонсон“, за оваа вакцина потребна е само една доза

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ започна со испорака на вакцини против коронавирус во земјите од Европската Унија.

Портпаролот на компанијата соопшти дека целта е во 2021 година да се испорачаат 200 милиони вакцини во ЕУ, Норвешка и Исланд.

„Џонсон и Џонсон“ разви вакцина која се дава во една доза, без потреба за ревакцинација.

-Првите дози ги напуштаат магацините, изјави портпаролот на Европската Комисија.

Информацијата ја потврди и Питер Лиси, еден од германските претставници во ЕУ од редовите на ЦДУ, партијата на Ангела Меркел.