среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ воведува санкции против Техеран заради дроновите испорачани за Русија

ЕУ воведува санкции против Техеран заради дроновите испорачани за Русија

Државите-членки на ЕУ усвоија санкции против Техеран поради испраќањето ирански беспилотни летала за Русија, што се користат за напади врз Украина, објави денеска преку Твитер чешкото претседателство на ЕУ. Санкциите стапуваат на сила со нивното објавување во Службениот весник на ЕУ. Согласно санкциите, ќе биде замрзнат имот на правен субјект во ЕУ и на три физички лица, на кои нема да им биде дозволено да патуваат во Унијата. Против две физички лица и два субјекти се воведуват и построги санкции.Изминатите денови руската армија користи ирански беспилотни летала „Шахед-136″ за напади врз градови на Украина и енергетската инфраструктура.

ЕУ веќе воведе неколку пакети санкции против Иран како и серија економски и финансиски мерки, вклучително трговски и транспортни ограничувања и замрзнување на средствата на големите ирански банки.

Последната рунда санкции беше воведена во понеделникот поради обидите на Техеран за насилно справување со антивладините протести предизвикани од смртта на Махса Амини.