недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Eвакуирани вкупно 46 цивили од Азовстал

Eвакуирани вкупно 46 цивили од Азовстал

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека вчера од челичарницата Азовстал во Мариупол евакуирани се 46 цивили.

– По воспоставувањето на примирје и отворање на хуманитарен коридор вчера две групи цивили ги напуштија станбените згради на територијата на металуршката фабрика Азосвстал, објави рускот Министерство за одбранра на Телеграм.

Прво група од 25 цивили биле евакуирани од Азовстал, а во текот на вчерашниот ден биле евакуирани уште 21 лице меѓу кои и шест деца.

– Сите цивили добија сместување, храна и неопходна медицинска помош, соопштија руските власти, без да прецизираат каде е однесена првата група, додека втората група е префрлена во населбата Безименоја, што се наоѓа на половина пат помеѓу Мариупол и руската граница.