вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Еврокомесарката за здравје до членките на ЕУ: Летово подгответе се за пандемиски бран наесен и во зимата

Еврокомесарката за здравје до членките на ЕУ: Летово подгответе се за пандемиски бран наесен и во зимата

Комесарката на Европската комисија за здравје и безбедност на храна, Стела Киријакидес, ги повика 27-те земји-членки на Унијата да го искористат летото за да се подготват за нов бран на инфекции со коронавирус во есен и зима.

„Имајќи предвид можно влошување на епидемиолошката состојба, од клучно значење е да се задржи будноста“, рече Киријакидес.

„Летните месеци мора да се искористат за да се преземат неопходните активности во јавното здравство за следната фаза на пандемијата во есен и зима“, додаде таа.

Луѓето во Европа уживаат во летото без ограничувањата што б еа во сила во последните две години, но напорите за ограничување на пандемијата мора да продолжат, рече таа.

Киријакидес повика на зголемени напори за примена на првите дози и дополнителни вакцини (т.н. бустери), потоа за подготовка на идната кампања за вакцинација против варијанти на омикрон и за следење и тестирање во текот на целата година.

Здравствените власти треба да имаат се подготвено за безбедно враќање на работа и на училиште по летниот распуст, нагласи таа.