Италијанскиот Оддел за борба против мафијата и италијанските карабинери денеска уапсија 32 лица за кои постои сомневање дека се припадници на криминалната сицилијанска организација „Коза ностра“.
– Рациите се организирани во неколку италијански градови на Сицилија – Катанија, Палермо, Парма, Трапани и Агриџент, по долга и темелна истрага спроведена од италијанските власти со помош на Европол и Белгиската сојузна полиција, соопшти Европол.
Како што се наведува во соопштението, таа криминална организација се занимава со трговија на дрога, оружје и експлозиви, како и со киднапирање. Меѓу уапсените е и водачот на „Коза ностра“ и на навијачката група на Јувентус, „Брави рагаци“.
„Коза ностра“ е позната по тоа што своето дејствување го прошири и во други земји-членки на Европската унија.
Европол наведува дека операцијата била успешна благодарение на соработката со италијанската и белгиската полиција.