недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Европски земји почнуваат да укинуваат дел рестриктивни мерки, еве што ќе се случува со Италија

Европски земји почнуваат да укинуваат дел рестриктивни мерки, еве што ќе се случува со Италија

Од денеска голем број европски земји почнуваат да укинуваат некои од рестриктивните мерки наметнати поради пандемијата со Ковид-19.

Италија – Италијанците ќе можат да ги посетуваат своите роднини, да се собираат во ограничени групи, да се отворат паркови и да држат физичка дистанца меѓу луѓето во нив. Работата во градежништвото и трговијата на големо е целосно обновена. Кафулињата, рестораните и баровите ќе продаваат храна дома. Училиштата нема да се отворат до септември. Остануваат ограничувањата за движење од една до друга област. Маските важат за аеродромите и станиците и за јавниот превоз. Патничките летови на аеродромите во Cампино во Рим и Перетола во Фиренца, кои беа меѓу аеродромите привремено затворени поради епидемијата, се обновени.

Шпанија – Почнувајќи од денеска, обновена е работата на мали трговски објекти како фризерски салони што можат да примат индивидуални клиенти по претходно закажан час. Баровите, кафулињата и рестораните ќе продаваат за домашни потреби. Маските се задолжителни во јавниот превоз. На помалите острови Канарскиот и Балеарскиот архипелаг ќе им биде дозволено да отворат повеќето продавници, музеи и тераси на барови и ресторани, но со ограничен капацитет. Училиштата остануваат затворени до септември.

Грција – Речиси 10 проценти од затворените продажни салони ќе можат да отворат врати, вклучително и книжарници, продавници за електроника, оптичари, места за проверка на возила, продавници за спортски производи, продавници за градинарски материјали, фризерски салони и салони за убавина. Црквата ќе отвори врати за индивидуални молитви.

Португалија – Мали продавници во населби, фризерски салони се отвораат, продажба на автомобили, книжарници. Даночните служби исто така отвораат врати по претходно договорен состанок и бараат носење заштитна маска. Заштитните маски стануваат задолжителни во јавниот превоз. Индивидуални спортови на отворено се дозволени.

Германија – Училиштата постепено се отвораат од денеска во некои провинции. Ќе може да отворат фризерските салони. Продолжува отворањето храмови, музеи и зоолошки градини. Баровите и рестораните само ќе вршат испораки за дома. Заштитните маски стануваат задолжителни во транспортот и продавниците.

Австрија – Отвораат дел од училиштата. Заштитните маски се задолжителни во јавниот превоз и продавниците.

Белгија – Бизнисите што не примаат посетители ќе отворат, а маските ќе станат задолжителни за јавниот превоз.

Унгарија – Надвор од Будимпешта, отвораат тераси на кафулиња и ресторани. Професионалниот спортски тренинг се обновува. Маските се задолжителни во продавниците и јавниот превоз.

Полска – Хотели, трговски центри, дел од културни институции се отворени, вклучувајќи ги библиотеките и некои музеи.

Хрватска – Продолжќуваат со работа услужните дејности каде има близок контакт со клиенти, како што се фризерски салони.

Словенија – Од денеска се отвораат терасите на кафулиња и ресторани, како и музеи, фризерски салони и книжарници. Се обновува тренинг на професионални спортисти. Маски се потребни во затворени простории на јавни места, во јавен превоз и во продавници.

Србија – Кафулињата и рестораните се отвораат додека запазуваат физичка оддалеченост, маските стануваат задолжителни во јавниот превоз, возовите на големи растојанија и автобусите.

Исланд – Универзитетите, музеите и фризерските салони повторно се отвораат.