четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европскиот парламент повика на „хуманитарна пауза“ во Газа

Европскиот парламент повика на „хуманитарна пауза“ во Газа

Европскиот парламент денеска повика на „хуманитарна пауза“ во Појасот Газа за да се обезбеди помошта да стигне до оние на кои им е потребна и нагласи дека Израел може да се брани само во рамките на меѓународното право.

Необврзувачката резолуција беше усвоена со 500 гласа „за“ и 21 „против“, а 24 воздржани.

Европратениците, исто така, повикаа на итно ослободување на сите заложници заробени од Хамас во јужен Израел и одведени во Газа.

Израел денеска продолжи со нападите врз Појасот Газа, додека конвоите со хуманитарна помош сè уште се блокирани на границата со Египет.  (МИА)