Американската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер БиоНТех СЕ ќе тестираат комбинирана вакцина против коронавирус и грип.
Испитувањето се спроведува во САД, а компаниите сакаат да регистрираат 180 волонтери на возраст од 18 до 64 години. Првиот учесник во студијата прими доза оваа недела.
Ривалите Модерна Инк и Новавакс Инк исто така развиваат комбинирани вакцини против Ковид-19 и грип. (МИА)