петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Федералните резерви уште еднаш ја зголемија каматната стапка

Федералните резерви уште еднаш ја зголемија каматната стапка

Федералните резерви, американската централна банка, соопшти денеска за ново повишување на каматната стапка од 0,75 отсто, со цел да успори клучни делови од економијата и да ја заузда инфлацијата, моментало на највисок ниво во 40 години.

Според Федералните резерви (ФЕД), новиот опсег на зголемување е до 3,75-4 отсто, најголема процентна стапка од јануари 2008 година.

Поскапувањето на кредитите во изминатите месеци е обид на Фед да го запре зголемувањето на цените со оладување на економијата и намалување на потрошувачката. Оваа политика, сепак ризикува ставање на американската економија во рецесија, и зголемување на невработеноста.

Ова е четврто повишување на стапките годинава и се прави на помалку од една недела пред среднорочните избори.

-Војната на Русија против Украина предизвикува хуманитари и економски тешкотии. Војната и настаните поврзани со неа создаваат дополнителен нагорен притисок на инфлацијата и ја обременуваат глобалната економска активност, изјавија од Фед.

Оттаму сметаат дека сегашниот курс на зголемени камати ќе биде соодветен за достигање на целта со текот на времето а тоа е инфлација од два отсто на годишно ниво.