петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фон дер Лајен: Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили во Газа

Фон дер Лајен: Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили во Газа

„Нема оправдување да се погоди болница полна со цивили“ во Газа, нагласи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред пратениците на ЕУ, додавајќи дека „треба да се утврдат фактите“ за трагедијата.

Претседателката на ЕК, говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, рече дека експлозијата во текот на ноќта што ја погоди болницата во Газа, при што загинаа најмалку 200, ја претворила во „огнен пекол“.

„Сите кои се виновни мора да одговараат“, рече таа, без да ја префрли вината за нападот кон кој било во конфликот меѓу Израел и Хамас.