четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: 12 загинати и 20 повредени, страшни сцени од тешка сообраќајка во Турција

ФОТО: 12 загинати и 20 повредени, страшни сцени од тешка сообраќајка во Турција

Во сообраќајна несреќа во Турција, минибус се преврте и се запали при што загинаа 12 лица, а повредени се 20.

Минибусот кој превезувал мигранти се превртел во источна Турција додека патувал навечер.

Телевизиите пренесувале снимки од мигрантите на кои им била пружана медицинска помош покрај патот, додека останатите спасувачки екипи ги пребарувале остатоците од минибусот.

Мигрантите најголем дел од Иран, Авганистан и Пакистан редовно ја преминуваат иранската граница во Турција пешки пред да најдат превоз до Истанбул и Анкара.