вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Макрон и премиерот на утринско кафе, откако претходно беше најавено олеснување на мерките!

ФОТО: Макрон и премиерот на утринско кафе, откако претходно беше најавено олеснување на мерките!

Францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот Жан Кастекс, утринава го испија утринското кафе на тераса од бистро во близина на Елисејската палата, јави дописникот на МИА.

Емануел Макрон успеа во својата цел, да ги отвори терасите на рестораните во средината на мај.

Добрата вест пристигна поради јасното повлекување на епидемијата и над 20 милиони вакцинирани лица во земјата.

Од денеска, како што веќе јавивме, во Франција се отвораат и кино салите, театрите и спортските сали, како и продавниците. Полицискиот час почнува во 21 часот, место досегашниот од 19 до 6 часот.