вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Обама се врати во Белата куќа, се пошегува со Бајден

ФОТО: Обама се врати во Белата куќа, се пошегува со Бајден

Првпат откако ја напушти функцијата претседател на САД, Барак Обама се врати во Белата куќа. Со својот некогаш потпретседател Џо Бајден говореа за здравствениот систем „обамакер“ кој беше воведен пред 12 години.

Обама истакна дека добро е чувството повторно да е во Белата куќа. Пред говорот, се пошегува за промените кои се направени во Белата куќа.

-Видов мачка како трча наоколу, а гарантирам дека Бо и Сани не би биле среќни поради тоа, рекол Обама мислејќи на своите кучиња.

По обраќањето, Обама го најави Бајден кој исто така имаше свое обраќање пред прустните.

-Се викам Џо Бајден и сум потпретседател на Барак Обама, истакна Бајден предизвикувајќи смеа во кабинетот.

Бајден кој го угостил Обама на ручек во Белата куќа, се пошегувал дека не знаеле кој каде треба да седне на масата поради претседателските функции.

Барак Обама беше претседател на САД во два мандати од 2009 до 2017 година.