Белгиската полиција објави фотографии од пари за кои се смета дека Катар ги користела за подмитување на лица во Европската Унија.
Запленети се дури 1,5 милиони евра на три разни локации. Пари биле пронајдени и во куќата на едно од осомничните лица, друг дел во стан, а трет дел од парите во ковчег во хотелска соба во Брисел.
Потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили наводно примила дел од парите заедно со својот партнер Франческо Џорџи. Двајцата се меѓу четворицата уапсени осомничени за перње пари, корупција и учество во злосторничко здружување.
Каили негирала дека е виновна истакнувајќи дека „нема никаква врска со подмитување“.
Катар, кој официјално не е именуван како вмешана држава, но медиумите во Белгија тоа го пишуваат, порекна било каква вмешаност.