недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Среде рушевините во Караманмараш една зграда стои неоштетена, сега е познато што е овој објект

ФОТО: Среде рушевините во Караманмараш една зграда стои неоштетена, сега е познато што е овој објект

Земјотресот што во понеделникот го потресе турскиот град Караманмараш урна многу згради до темел. Нови и стари згради на југот на земјата, некои изградени пред само шест месеци, се распаднаа.

Неколку дена по земјотресот, на социјалните мрежи се појави слика, а на неа се гледа зграда која успеала да го издржи земјотресот и да остане целосно недопрена, додека околу неа има страшни сцени од урнатини. Сега се знае која е оваа зграда.

-Зградата на сликата е во Караманмараш, таа е репрезентативна зграда на Комората на градежни инженери. Не се потребни други зборови. Научниците и инженерите имаат знаење да изградат згради кои ќе преживеат таков голем земјотрес. Ако само науката и технологијата беа применети за доброто на луѓето, се коментарите на корисниците на Твитер.

Овој град во јужна Турција е еден од најтешко погодените од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари, во раните утрински часови. Земјата двапати се тресеше силно, првиот пат со јачина од 7,8, а вториот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Официјални лица велат дека повеќе од 12.000 згради се уништени или сериозно оштетени во Турција.