понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Тепачка меѓу пратениците во Хонг Конг

ФОТО: Тепачка меѓу пратениците во Хонг Конг
EPA-EFE/JEROME FAVRE

Во зградата на парламентот на Хонг Конг денеска избија судири, при што обезбедувањето исфрли од салата неколкумина законодавци, додека еден пратеник се здоби со повреди и беше изнесен со носила на Итната помош.

До инцидентот дојде откако една прокинеска пратеничка се обиде да се прогласи за претседавач на состанокот на парламентарна комисија која расправаше за прекин на повеќемесечната собраниска блокада и контроверзниот предлог закон за воведување кривична одговорност за злоупотреба на кинеското државно знаме во Хонг Конг.

EPA-EFE/JEROME FAVRE

По бурната седница и вземните обвинувања, дојде до физички судир, по кој интервенираше собраниското обезбедување и почна да ги изнесува од салата продемократските пратеници.