четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Уапсен еден од најбараните бегалци од ФБИ листата, ги убил двете ќерки

ФОТО: Уапсен еден од најбараните бегалци од ФБИ листата, ги убил двете ќерки

Си-Ен-Ен јавува дека еден од ајбараните бегалци кој се наоѓа на листата на ФБИ, Јасер Абдел Саид е уапсен.

Саид на ФБИ листата е ставен во декември 2014 година поради убиство на своите две ќерки, 18 годишната Амина и 17 годишната Сара во 2008 година.

За Нова година во 2008-та тој ќерките ги однел на возење со такси.

Неколку часа подоцна нивните тела со рани од куршуми биле пронајдени во напуштеното такси возило. Пред да почине Сара успеала да воспостави краток повик за помош. Но, додека полицијата го лоцирала такси возилото и ги пронашла, двете сетри починале, а САид исчезнал со пиштол и пари.