вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО+ВИДЕО: Бразил побеле, жителите се радуваат на снегот, регистрирани минусни температури

ФОТО+ВИДЕО: Бразил побеле, жителите се радуваат на снегот, регистрирани минусни температури

Студен бран донесе снежни врнежи во јужниот дел на Бразил, каде снег на улиците ретко се гледа.

Во најмалку 43 градови е забележан снег или леден дожд. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како Бразилците праваш Снешко на плоштад и си играат со топки снег.

Во Сао Жоаким дрвата се прекриени со мразулци, а во поголем број градови температурите се под нулата. На некои места измерени се и -20 степени.

Снегот многу ретко се појавува во Бразил дури и во зимскиот период.

Последната забележана поголема појава на снег во Бразил е во 1957 година кога во државата Санта Катарина висината на снежната покривка била 1,3 метри.