четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

(ФОТО+ВИДЕО) Нови проблеми за Кина: Поплави какви не се паметат во последните 40 години, прогласена вонредна состојба

(ФОТО+ВИДЕО) Нови проблеми за Кина: Поплави какви не се паметат во последните 40 години, прогласена вонредна состојба

Нов бран поплави ја погоди кинеската општина Чонгчинг откако се излеа река. Властите во Кина соопштуваат дека ова е најголемата поплава во Чонгчинг  од 1981 година.

Покрај оваа и соседната провинција Сечуан се соочува со проблеми, па до двете општини е прогласена вонредна состојба со предупредување за поплави од највисоко ниво.

Наводно во провинцијата Хубеи, официјални лица од Комисијата за водени ресурси за реката Јангце предупредиле дека браната Три клисури, која е најголема хидроелектрана во светот, ќе сведочи на најголемиот наплив на вода во нејзината 14 годишна историја.

Отпуштени се 4.800 кубни метри вода во секунда од почеток на поплавата, извести држвната кинеска телевизија CCTV.

Според информациите на телевизијата околу 128.000 лица од ниско поставените подрачја се евакуирани на безбедно место.