Ејми Лонзбери, мајка на Милан Лончар, момче со српско потекло кое во четвртокот вечерта беше убиено во Филаделфија додека го шетало кучето, објавила на својот Фејсбук профил голем број семејни фотографии во знак на сеќавање на трагично настраданиот син.
На фотографите се забележани разни семејни собирања и моменти кои насмеани ги поминувале заедно. Една од најемотивните е секако фотографијата од Милан и неговата сестра Јелена од детските денови.
Членовите на семејството и пријателите се собрале синоќа на бдеење на местото каде момчето било застрелано.
-Беше многу убаво да се има вашата поддршка. Знам дека сите се шокирани и повредени, но вечерва бевме заедно – напишала Ејми.
Момчето било убиено во средата вечерта во близина на својот дом во Филаделфија откако двајца мажи се обиделе да го ограбат додека шетал куче.
На снимките од безбедносните камери се гледа како засега непознат маж става пиштол на градите на Милан додека другиот му приоѓа од зад грб и почнува да го претресува.
Детективот Скот Смал рекол дека ипукан бил еден куршум, после што напаѓачите избегале.
Лончар бил прогласен за мртов половина час подоцна во локалната болница.
-Ни земавте многу. И не само на нас. Ги повредивте неговите пријатели, колегите од работа, целото соседство. Тоа не е само еден живот. Уништивте стотици животи за кои ни самите не знаете – рекле мајката и сестрата на Лончар.