Претставници на Франција и Германија во Европската унија пред своите колеги ја претставија идејата за одржување самит со рускиот претседател Владимир Путин, во обид да ги подобрат односите со Москва, изјавија двајца неименувани дипломати
-Треба да разговараме за тоа како да излеземе од оваа негативна спирала, но треба обединети да одиме напред, изјави еден од дипломатите, наведуваат британските медиуми.
Тој додаде дека некои балтички земји предупредуваат дека Русија можеби нема да се согласи да се одржи таков самит.
Идејата за средба на Путин со лидерите на ЕУ доаѓа по самитот на рускиот претседател со неговиот американски колега Џо Бајден, на 16 јуни во Женева.