сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Франција: Инфлацијата во јануари се зголеми на 2,9 отсто

Франција: Инфлацијата во јануари се зголеми на 2,9 отсто

Инфлацијата во Франција во јануари се сголеми на 2,9 отсто на годишно ниво, откако во декември скокна за 2,8 отсто, соопшти денеска Националниот институт за статистички и економски студии, во својата конечна проценка, јави дописникот на МИА.

Инфлацијата сè уште е поттикната од растот на цените на енергијата.

Цените на енергијата во јануари пораснаа за 19,9 отсто по зголемувањето од 18,5 посто во декември во текот на една година, додека цените на услугите пораснаа за два отсто, а на храната за 1,5 отсто, наведува Националниот институт за статистика.