четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Генералниот директор на СЗО во самоизолација по контакт со заболен

Генералниот директор на СЗО во самоизолација по контакт со заболен

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека бил во контакт со лице кое е позитивно на новиот коронавирус.

Тој додаде дека се чувствува добро и нема никакви симптоми на болеста.

-Ме идентификуваа како контакт на некој што има позитивен резултат на Ковид- 19. Добро сум и немам никакви симптоми, но ќе бидам во самоизолација во наредните денови и ќе работам од дома, во согласност со протоколите на СЗО, објави Тедрос на Твитер.