четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Генералниот секретар на НАТО во ненајавена посета на Авганистан

Генералниот секретар на НАТО во ненајавена посета на Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ненајавено пристигна во Кабул, соопшти НАТО.

Столтенберг и високата делегација на Алијансата ќе се сретнат со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и со командантот на меѓународните сили во Авганистан, генералот Остин Милер.

Посетата на Столтенберг доаѓа откако талибанските милитанти ги засилија нападите врз авганистанските безбедносни сили низ целата земја, што резултираше со голем број жртви дневно.

МИА