Починаa една петтина од пациентите со коронавирус во Германија, додека стапката на морталитет на пациенти кои биле на респиратор достигна 53 проценти.
Овие податоци се однесуваат на периодот февруари-април. Смртноста на пациентите кои не биле поврзани со респиратор е значително помала и изнесувала околу 16 проценти, се вели во студијата на Техничкиот универзитет во Берлин, интердисциплинарна организација за интензивна нега и итна медицина, како и филијали на групата за здравствено осигурување АОК, WIdO.
Податоците се однесуваат на 10.000 пациенти кои престојувале во 930 болници низ целата земја во периодот од 26 февруари до 19 април годинава, пишува ДВ.
Значи, според споменатото истражување, една петтина од заразените пациенти починала, а повисока стапка на смртност е забележана кај мажите. Имено, 25 проценти од починатите биле мажи, додека околу 19 проценти од починатите биле жени.
Во исто време, оваа студија забележува дека постарите пациенти претставувале ранлива категорија на население и додава дека околу 27% од пациентите на возраст од околу 70 починале, а дека околу 38% од пациентите над 80 години не се опоравиле.
Сепак, научниците ставаат акцент на пациентите кои биле на респиратор.
Од 10.021 хоспитализирани пациенти, 1.727 биле поврзани со респиратор. Просечната возраст на сите пациенти била 68. Иако мажите почесто биле поврзувани со респиратор, смртноста била распределена на сличен начин меѓу половите.
Пациентите престојувале во болници во просек 14 дена. Сепак, пациентите кои не биле на респиратор останувале во болницата во просек дванаесет дена, додека пациентите на кои им била потребна респираторна нега, останале во болницата до 25 дена.
Рајнхард Буше, професор на Техничкиот универзитет во Берлин, истакна дека во просек, 100 хоспитализирани пациенти поминуваат вкупно 240 дена на респиратор.