четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија предлага четврта доза од вакцината во ЕУ

Германија предлага четврта доза од вакцината во ЕУ

Европската унија да препорача четврта доза од вакцината против Ковид-19 за лицата постари од 60 години, изјави германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах денеска на состанокот на министрите за здравство во Брисел.

Посочувајќи на податоци од Израел, тој нагласи дека е неопходно итно да се даде препорака за да се намали ризикот од смрт поради инфекција, пренесува „Ројтерс“.

Лаутербах додаде дека очекува вакцина прилагодена на новите варијанти да биде достапна дури наесен.