Германија најверојатно ќе ги затвори своите граници со соседните земји ако тие не реагира брзо на спречување на ширењето на Ковид-19, изјави денеска шеф на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун.
Тој за АРД истакна дека е важно да се држи под контрола нивото на инфекција за да можат државите да бидат заштитени од новите мутации на Ковид-19, што полесно се шират.
– Опасноста е дека кога инфекциите се зголемуваат во една земја, и таа мутација станува квази-мнозинство и тогаш заразата повеќе не може да се контролира. Затоа неизбежно ќе биде и воведување на построги правила за преминување на нашите внатрешни граници, важно е сега да дејствуваме заедно, посочи Браун.
Претходно оваа недела, Германија ги продолжи рестриктивните мерки до средината на февруари.