петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германија со нов црн рекорд, над 11.000 заболени во еден ден

Германија со нов црн рекорд, над 11.000 заболени во еден ден

Рекорден број на новозаболени од коронавирус бележи и Германи каде за првпат од почеток на пандемијата се регистрирани над 11.000 случаи во еден ден.

Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 11.287 новозаболени од коронавирус, а починале 30 лица.

Вкупниот број на заболени порасна на 392.049, a починати се вкупно 9.905 лица, пренесува Ројтерс.

Иако бројот на заразени во Германија е пониска отколку во поголемиот дел од Европа, сепак тој забрзано расте со доаѓањето на студеното време, а официјалните лица најавуваат поостри мерки ако трендот продолжи.