понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Германската академија на науките предлага делумно отворање на училиштата

Германската академија на науките предлага делумно отворање на училиштата

Германската академија на науките денеска препорача дека Владата може да отвори дел од училиштата, ако се почитуваат правилата за хигиена, со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус.

Според Академијата, обновата на работата на дел од училиштата ќе помогне во воспоставување на општествениот живот, но предупреди дека бројот на новозаразени треба да остане мал.

Академијата, исто така, препорачува граѓаните во јавниот превоз да носат маски, како и предлози за постепено враќање во нормалниот живот односно отворање на продавниците, рестораните и владините канцелариии друго.

Во Германија регистрирани се 124.189 луѓезаразени со новиот коронавирус, од кои 2.834 починале.

Според анкетите поголемиот број на Германци се против укинување на ограничувањата за патувања, што беа воведени со цел да се запре ширењето на Ковид-19.