недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германскиот канцелар бара мирно решение за ситуацијата во Косово

Германскиот канцелар бара мирно решение за ситуацијата во Косово

Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа повика на мирно решение на конфликтот меѓу Белград и Приштина.

– За мене е многу важно ситуацијата дополнително да не ескалира ситуацијата меѓу Србија и Косово. Сакаме мирно решение и многу сме посветени на тоа. Германија, Франција и Италија се особено активни во ова прашање, рече Шолц на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Берлин.

Тој додаде дека за ситуацијата во Косово ќе се разговара денеска и утре кога лидерите од речиси 50 европски земји ќе се сретнат во Гранада, Шпанија, на Самитот на Европската политичка заедница. (МИА)