сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германскиот министер за здравство: „Делта“ сојот ќе биде доминантен во земјата летово

Германскиот министер за здравство: „Делта“ сојот ќе биде доминантен во земјата летово

Позаразениот сој Делта на коронавирусот ќе стане доминантен во Германија во текот на летото, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

– Сојот Делта ќе биде доминантен во текот на летото, и во прашање се недели а не месеци, изјави Шпан на прес-конференција.

Шпан додаде дека овој сој моментално сочинува повеќе од 15 проценти од случаите на заразени со коронавирус во Германија и дека неговото ширење ќе зависи од тоа колку луѓе се вакцинирани, како и од зачестеноста на инфекциите.