вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германскиот суд ја отфрли петицијата против задолжителната вакцинација

Германскиот суд ја отфрли петицијата против задолжителната вакцинација

Највисокиот германски суд денеска соопшти дека ја отфрлил претставката поднесена против задолжителната вакцинација, со која болничкиот персонал се обврзува да се вакцинира против Ковид-19.

Задолжителната вакцинација за персоналот во болниците и здравствените установи треба да стапи на сила во Германија на 15 март, но многу луѓе кои ќе бидат погодени од мерката поднеле итни претставки до Уставниот суд во Карлсруе, пренесува Ројтерс.

Германскиот министер за здравство изјави дека сегашниот бран на коронавирус во Германија најверојатно ќе го достигне својот врв кон средината на месецот.