петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ги разбудил вресок: Питон сакал да им го проголта синот, родителите се бореле со змијата!

Ги разбудил вресок: Питон сакал да им го проголта синот, родителите се бореле со змијата!

Родителите во австралиски град се разбудиле од криковите на 14-годишниот син кого го нападна питон.

Влегувајќи во неговата соба, виделе змија долга три метри, која се свиткала околу раката на момчето и ги зарила забите во неговата рака.

-Сакаше да му ја изеде раката, рекла мајката на момчето, Ема Џексон.

Питоните не се отровни, туку ја дават својата жртва и потоа ја проголтуваат. Тие може да пораснат до 8,5 метри.

„Ние се боревме со него, но колку повеќе се обидувавме, толку неговите заби навлегуваа сè подлабоко и подлабоко“, додала мајката.

Конечно, таа ја зграпчила касичката во облик на птица со чуден клун и ја пикнала во устата на змијата, додека таткото ја повлекол главата на питонот и ја ослободил раката на момчето.