Си-Ен-Ен објави потресни исповеди од неколку жртви на стотината свештеници педофили, кои со децении силувале и злоставувале деца во Пенсилванија, а црквата тоа го криела.
Минале 70 години откако свештеник педофил го нападнал Роберт Корби. Децении подоцна, неговата сопруга и семејството патат поради тој ден.
Судот во Пенсилванија објави шокантен извештај каде се обвинуваат повеќе од 300 свештеници во Пенсилванија за силување и сексуално злоставување на деца од 1947 година. Во извештајот на поротата темелен на двегодишна истрага во шест бискупии, се наведува дека свештениците злоставувале повеќе од 1.000 деца, а меѓу обвинетите е и кардиналот Доналд Вуерл, надбискуп во Вашингтон.
Некои од жртвите на свештениците педофили одлучија пред камерите да ги изнесат своите приказни. 83 годишниот Роберт Корби изјави:
-Не можев да и покажувам нежност на својата сопруга. Не можев ниту да ги прегрнам моите деца.
Роберт раскажува дека свештеникот почнал да го злоставува кога имал 13 години. Сметал дека никој нема да му верува ако на некого мукаже.
-Кој би ми поверувал. Кој во 1947 или 1948 година би поверувал дека свештеник би направил такво нешто? Тогаш никој не слушнал за тоа, бидејќи сите сокриваа, вели тој.
Роберт додава дека станал мета на свештениците затоа што немал татко. Својата приказна ја сподели на снимка прикажана на прес конференција за новинари во вторникот, во текот на објавувањето на извештајот на поротата.
37 годишната Каролин Фортни низ солзи раскажува како го запознала свештеникот кој ја силувал кога имала 18 месеци.
-Имав пелени, истрчав од дома и потрчав право кај него. Кога бев малку постара, не ги тргаше рацете од мене, вели таа.
Каролин вели дека на злоставувањето се присетува секогаш кога ќе го слушне зборот „Бог“.
-Тој збор ме потсетува на него. Чувствувам како цел мој живот да е лага.
Каролин исто така кажала дека е тешко да се проговори за злоставувањето:
-Многу сте осамени. Посебно кога се работи за вашиот збор против божјиот.
48 годишниот Шон Доерти исто така бил жртва на педофилите во црквата во Пенсилванија.
-Тоа никогаш не го заборавајте. Влијае на вас до крајот на животот, раскажува тој.