четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Го разнел мостот за да спречи непријателот со тенкови да влезе во Киев – сепак не успеал да се спаси за влакно, еве поради што плаче цела Украина (ФОТО)

Го разнел мостот за да спречи непријателот со тенкови да влезе во Киев – сепак не успеал да се спаси за влакно, еве поради што плаче цела Украина (ФОТО)

Извештаите за експлозии и борби околу главниот град на Украина ги преплавија социјалните мрежи, а еден од нив наведува дека Украинците урнале мост за да спречат руски тенкови да влезат во Киев.

Украинска Правда пишува дека армијата го уништила мостот на периферијата на Киев, со цел да ги спречи руските тенкови да напредуваат понатаму во градот.

Станува збор за мост кој се наоѓа во селото Романивке, на автопатот Нови Ирпен.

Официјалната страна на генералштабот на Украина објави дека на овој тажен и тежок ден за нив момче кое доброволно се пријавило во војската го разнел мостот, но не успеал да се спаси.

Хероите на нашето време – го разнесе мостот, но не успеа да се спаси

„На овој тежок ден за нашата земја која украинскиот народ се брани од руските окупатори во сите правци, едно од најтешките места на мапата на Украина стана Кримската раскрсница каде што се сретнаа нашите војници со непријателот. Инженер на посебен баталјон и морнар Виталиј Володимирович доброволно се пријавил да го минира мостот, но за жал немал време да се спаси. Бил убиен од руските војници“, пишуваат во нивниот пост на Фејбсук.