вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голема трагедија: Мајка и нејзините четири деца загинаа во пожар

Голема трагедија: Мајка и нејзините четири деца загинаа во пожар

Пет лица, четири деца и една жена, загинаа денеска при пожар во куќа во селото Рихнава во западниот дел на Словачка.

Како што соопшти локалната противпожарна служба, пожарот избувнал околу три часот утрово и набрзо ја зафатил целата куќа.

Жртвите се 28-годишна жена и нејзините деца на возраст од пет до девет години, кои живееле во куќата.

Причините за пожарот засега не се познати.