Градоначалникот на Копенхаген, Франк Јенсен, кој го обвинуваат за сексуално вознемирување, денеска си поднесе оставка од функцијата како и од местото потпретседател на владејачката Социјалдемократска партија.
Јенсен (59) претходно им се извини на две жени кои го обвинија дека ги „допрел на несоодветен начин“ во 2012 и во 2017 година, но тогаш тврдеше дека не планира да се повлече од функцијата.
Претставничка на огранокот на младите во Социјадемократската партија вчера изјави дека уште осум лица пријавиле дека градоначалникот или ги вознемирувал или биле сведоци на вознемирување.
Јенсен,кој е градоначалник на Копенхаген од 2010 година, за време на викендот доби поддршка од својата партија, но денеска сепак поднесе оставка.
– Тоа ќе фрли сенка на целата политичка рабоѕта, што сакам да ја работам и затоа одлучив да поднесам оставка од местото градоначалник… Со тоа и давам доволно време на мојата партија да најде моја замена пред следните локални избори, истакна Јенсен.
Тој исто така поднесе оставка од потпретседателското место во Социјалдемократската партија, на кое беше од 2015 година.
Премиерката на Данска од Социјадемократската партија, Мете Фредриксен денеска „повика на промена на менталитетот“. (MИА)