Вакцинацијата на светското население против коронавирус драстично заостанува зад предвидените планови на Светската здравствена организација (СЗО), изјави генералниот секретар на ОН, .
– Минатата есен СЗО претстави стратегија за вакцинирање на 40 отсто од светското население до крајот на минатата година и 70 проценти до средината на 2022 година. Сега не сме ни блиску до постигнување на овие цели, истакна Гутереш.Антонио Гутереш
Тој нагласи дека „ширењето на омикрон варијантата е мрачен потсетник дека борбата против коронавирусот мора да биде висок приоритет за светот“.
– Сите земји и производители треба да постават приоритет да се обезбеди испорака на вакцини за земјите во развој преку механизмот Ковакс и да го поддржат производството на тестови, вакцини и лекови од земјите кои имаат ресурси за тоа, додаде генералниот секретар на светската организација.