Хакери поддржани од странска влада украле информации од Министерството за финансии на САД и американска агенција одговорна за политиката во сферата на интернет и телекомуникации. Тоа го јавија американски медиуми поовикувајќи се на информирани извори.
-Американската Влада е свесна за оваа информација и ги презема сите потребни чекори за да ги идентификува и реши сите можни проблеми, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Јулиот.
Меѓу американската разузнавачка заедница постои загриженост дека хакерите можеби користеле слични алатки за да ја нарушат заштитата на другите владини агенции, изјавија три информирани извори.
Хакерскиот напад беше толку сериозен што Советот за национална безбедност вчера одржа состанок во Белата куќа, изјави еден од изворите.