понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хавајскиот вулкан Килауеа почна да ослободува метан – можна е експлозија

Хавајскиот вулкан Килауеа почна да ослободува метан – можна е експлозија

Од вулканот Килауеа на Хаваите почна да излегува син пламен, што, според научниците, е резулатат на ослободување на метан од кратерот, од кој и натаму излегува лава.

Научници од Американскиот геолошки институт наведуваат дека метанот може да предизвика експлозија, доколку се запали додека се уште се наоѓа под земјата.

Тие додаваат дека сините пламени јазици од метанот може да достигнат висина и до неколку метри.

Вулканот Килауеа еруприраше пред десетина дена.

МИА