недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хејли: САД нема да си заминат од Сирија додека не остварат три цели

Хејли: САД нема да си заминат од Сирија додека не остварат три цели

САД нема да ги повлечат своите војници од Сирија се додека не остварат три цели, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

Таа нагласи прва цел на САД во Сирија е да добијат гаранции дека хемиското оружје нема да се користи на начин што би ги загрозувал американските интереси, втора – целосно да биде поразена групата Исламска држава и трета – да се создаде добра позиција за следење на активностите на Иран.

– Наша цел е американските сили да се вратат дома, но нема да си заминеме се додека не бидеме сигурни дека сме ги оставриле овие три работи, изјави Хејли во интервју за телевизијата Фокс.

МИА