Сите патници на летовите кон Холандија ќе треба да направат негативен тест за коронавирус не постар од 72 часа од следниот вторник, соопшти холандската Влада.
Мерката е во сила за патниците од Велика Британија и Јужна Африка, а летовите од тие земји беа привремено забранети откако во нив се појави нов вид на коронавирусот.
Владата додаде дека разгледува тоа барање да го примени и за патниците кои доаѓаат во земјата со воз, автобус или брод. Патниците кои доаѓаат во Холандија мора да се изолираат 10 дена, дури и ако имаат негативен тест.