Саудиска Арабија егзекутирала 48 лица за првите четири месеци од годината, од кои половината поради наркотици, соопшти денеска организацијата „Хјуман рајтс воч“.
Во извештајот на таа невладина организација се посочува дека има и голем број осудени поради наркотици кои чекаат на извршување на смртната казна.
Процентот на егзекуции во кралството е едно од највисоките во светот.
Во Саудиска Арабија се спроведува стриктна верзија на шеријатот и се извршува смртната казна за случаи за тероризам, убиства, силување, вооружени грабежи и шверц на дрога.
МИА